Доделени наградите за најдобрите на  конкурсот „Читањето е супермоќ“ 2025

На литературно-музички хепенинг, во присуство на многубројни деца и нивните родители, денеска (1 јуни), во „Ист гејт мол“ во Скопје, беа доделени наградите за најдобрите учесници на конкурсот „Читањето е супермоќ“, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“.

На завршниот настан на истоимената кампања, за оваа учебна година, настапија талентираните дечиња од градинките „Весели цветови“ (објект „Кокиче“) и „Срничка“, учениците од ОУ „Љубен Лапе“ (1 одд.) и од ОУ „Браќа Миладиновци“ (2 одд.), како и шампионите во танц – „Денсерс јунајтед“. Настанот, кој беше во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со „Ист гејт мол“ и „Литература.мк“, заврши со детската театарска претстава „Рибарот и златната рипка“.

На е-адресата на „Арс Ламина“ пристигнаа 205 литературни и 280 ликовни творби од ученици од прво до деветто одделение, како и од деца од предучилишна возраст.

За најдобрите творби одлучуваше стручно жири. Творбите од децата од градинките ги оценуваше комисија во состав: Билјана Лотеска (воспитувачка и авторка на книги за деца), Цветанка Стоилова (уредничка на списанието „Ѕвезди“), Марија Богоеска-Созданоска (уредничка на изданија за предучилишна возраст во „Арс Ламина“). Ликовните творби на учениците од основните училишта ги оценуваа: Наталија Лукомска (илустраторка), Калиопи Трпчева (сликарка и илустраторка) и Анета Илиевска (графичка дизајнерка и илустраторка). Жирито за литературните творби беше составено од: Владанка Д. Урошева (одделенска наставничка), Викторија Мирческа-Стојческа (лекторка и основачка на Школа за брзо читање и мудро учење), Маја Трајковиќ (библиотекарка во ОУ „Невена Георгиева-Дуња“, Скопје) и Бисера Бендевска (уредничка на детска литература во „Арс Ламина“).

Во продолжение е листата со на наградените и пофалените деца од градинките и од училиштата и нивните ментори на конкурсот „Читањето е супермоќ“ за 2025 година:

НАГРАДЕНИ ДЕЦА ОД ГРАДИНКИТЕ

1 место – Бисера Стојковска (Градинка „Сонце“, Волково, Скопје)

1 место – Миа Наковска (ЈУДГ „Детска Радост“ (објект Темјанушка) / Ментор:  Наташа Поповска)

2 место – Надица Граматиковска (ЈУДГОЦ „13 Ноември“, Скопје /  Ментор:  Ана Цветковска Панова)

2 место – Софиа Трпевска (УДГ „Кочо Рацин“, Скопје)

3 место – Матеј Блажевски (ЈУДГ „Детска Радост“, Скопје /  Ментор: Гордана Ф. Василеска)

3 место – Срна Копанова (ЈУДГ „Кочо Рацин“,  Скопје  / Ментори:  Васкресија Ѓоргиевска, Снежана Гуцуљ, Санела Куц)

ПОФАЛЕНИ ДЕЦА ОД ГРАДИНКИТЕ

Лана Спиридоновска (ЈУДГ „Кочо Рацин“/ Ментор:  Биљана Божиновска)

Јован Филиповски (ЈУДГ „Детска Радост“, Скопје / Ментори:  Гордана Ф.  Василевска и Соња Стојановска)

Ања Новачкова (ЈУДГОЦ „13 Ноември“, Скопје /  Ментор:  Ана Цветковска Панова)

Лара Јеремиќ (ЈУДГОЦ „13 Ноември“, Скопје /  Ментор:  Ана Цветковска Панова)

Матеа Мојсова (ЈУДГ „Детска Радост“ (објект Темјанушка) / Ментор:  Наташа Поповска)

Изабела Стојановска (Градинка „Вера Циривири – Трена“,  Штип / Ментор: Анкица Балабанова)

НАГРАДЕНИ НА ЛИКОВЕН КОНКУРС – УЧЕНИЦИ ОД  1 ДО 5 ОДДЕЛЕНИЕ

1 место – Кристина Динковски (ООУ „Живко Брајковски“, Скопје, 2-2 одд. Ментор: Александра Николова Ивановски)    

2 место  – Дарија Стамеска (ООУ „Јосип Броз – Тито“, Струга, 3 одд.)

2 место – Клоди Сулмати Јахоја (ОУ „Братство“, Карпош, Скопје, 5 одд.)

3 место – Јована Веселиноска (ООУ „Коста Рацин“, Брвеница, 5-1 одд)

3 место – Елена Касовска (ООУ „Мите Богоевски“, Ресен, 4-а одд. Ментор:  Бети Ќосевска)

3 место – Олег Габеров (ОУ „Васил Главинов“ – Велес, 1-4 одд. Ментори:  Сања Ј. Николова и Паулина Ставрева)

ПОФАЛЕНИ НА ЛИКОВЕН КОНКУРС – УЧЕНИЦИ 1-5 ОДД.

Исидора Станкоска (ООУ „Коста Рацин“, Брвеница, 5 одд.) 

Давид Атанасовски (ОУ „Коле Канински“, Битола, 4-2 одд.)

Марта Цветковиќ (ООУ „Браќа Миладиновци“, Скопје,  5-б одд. Ментори: Жаклина Ристовска и Анета Трифуновска Стојанова)   

Ева Михајлова (ООУ „Димитар Влахов“, Штип, 3-3 одд.Ментор:  Јасминка Карашова

Ема Гавриловска (ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Скопје, 2-3 одд. Ментор:  Моника Стојчевски)  

Ивана Јанковска (ООУ „Киро Глигоров“, 3-в одд.)

Деа Стојанова (ООУ „Браќа Миладиновци“, Скопје, 2-б одд.)

НАГРАДЕНИ НА ЛИКОВЕН КОНКУРС – УЧЕНИЦИ УЧЕНИЦИ 6-9 ОДД.

1 место – Матеа Мајриковска (ООУ Св. „Климент Охридски“, Битола, 8-2 одд.) 

2 место – Ива Бакаловска (ООУ „Ванчо Китанов“, Пехчево, 9 одд.)

2 место  – Теа Атанасов (ООУ „11 Октомври“, Скопје, 5 одд. Ментор:  Елена Галика)  

3 место – Евгенија Стамеска (ООУ „Јосип Броз – Тито“, Струга, 7 одд.)

3 место – Блина Мемети (ООУ „25 Мај“,  7-2 одд.)

ПОФАЛЕНИ НА ЛИКОВЕН КОНКУРС – УЧЕНИЦИ ОД 6-9 ОДД.

Ема Ристовска (ООУ „Коста Рацин“, с.Брвеница, 6-2 одд.)

Исидора Столеска (ООУ „Коста Рацин“, с.Брвеница, 9 одд.)

Елена Билбилоска (ООУ „Гоце Делчев“, Гостивар, 6 одд. Ментор: Ратко Богданоски)

Томислав Атанасовски (ОУ „Коле Канински“, Битола, 7-2 одд.)

Софија Доневска (ООУ „Димитр Поп Георгиев, Беровски“, Ѓорче Петров, Скопје)

НАГРАДЕНИ НА ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ ОД КОНКУРСОТ – УЧЕНИЦИ ОД 1-5 ОДД.

1 место – Скајлер Киара Цое (ООУ „Ристо Шуклев“, Негорци, 4 одд. Ментор: Елизабета Јанева)

1 место – Ведран Веселиновски (ООУ „Невена Георгиева Дуња” – Скопје, 4-б одд. Ментор:  Зорица Атанасовски)

2 место –  Лана Марков (ООУ „Мирче Ацев“,  Ѓорче Петров, Скопје, 5-б одд.) 

2 место – Анѓела Јосифовска (ООУ „Тошо Арсов“, Штип, 5-1 одд. Ментор:  Маре Трпчева)

3 место – Теона Стојановска (ООУ „Блаже Конески“, Прилеп, 3-2 одд. Ментор:  Наташа Ристеска)

3 место – Јана Стојмирова (ООУ „Браќа Миладиновци“,  Аеродром, Скопје,   4-а одд. Ментори:  Маја Здравковска и Наталија Ралповска)

ПОФАЛЕНИ НА ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ ОД КОНКУРСОТ – УЧЕНИЦИ од 1-5 ОДД.

Мила Наумоска (ООУ „Гоце Делчев“, Гостивар, 3-2 одд. Ментор: Габриела Мерџаноска)

Мона Кукунешоска (ООУ „Јосип Броз Тито“, Струга, 4-б одд. Ментор: Љиљана Узуноска

Емили Спасеноска (ООУ „Коста Рацин“, Брвеница, 5 одд. Ментор:   Тања Костадиноска)

Диона Тодоровска (ООУ „Св.Јоаким Крчовски“, Крива Паланка, 4-1 одд. Ментор: Лила Тодоровска)

Тамара Митреска (ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“, Кичево, 4-3 одд. Ментор:  Валентина Лазаревска)

Софија Малзаркова (ООУ „Невена Георгиева Дуња”, Скопје, 4-б одд. Ментор: Зорица Атанасовски)

Софија Копанова (ООУ „Киро Глигоров“, 1-в одд. Ментори:  Николина Младеновска и Ирина Пешевска)

НАГРАДЕНИ НА ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ ОД КОНКУРСОТ – УЧЕНИЦИ ОД 6-9 ОДД.

1 место – Бонита Шолева  (ООУ „Васил Главинов“, Велес, 7-1 одд. Ментор: Бојанка Џипунова- Ташова)

2 место – Павел Блажески (ООУ „Св. Климент Охрдиски“, Македонски Брод, 7 одд. Ментор:  Мартина Ф. Крстеска)

2 место – Матеа Јовановска (ООУ „Васил Главинов“, Велес, 7-1 одд. Ментор: Бојанка Џипунова – Ташова)

3 место – Лена Ѓорѓиевска (ООУ „Толи Зордумис“, Куманово, 7-1 одд. Ментор: Марија Цветановиќ)

3 место – Ангела Апостоловска (ООУ „Св. Климент Охридски“, Македонски Брод, 7- 1. одд. Ментор: Мартина Филипоска)

3 место – Михаела Јаневска (ООУ „Лазо Ангеловски“- Скопје,  8 одд. Ментор: Благица Ангеловска)

ПОФАЛЕНИ

Симона Миланова (ООУ „Васил Главинов“, Велес, 7-1 одд. Ментор: Бојанка Џипунова – Ташова)

Теа Васовска  (ООУ „Наум Охридски“ с .Булачани , Скопје, 9-б одд. Ментор : Љупка Богдановска

Јована Вељаноска, (ОУ„ Св. Климент Охридски“,  Македонски Брод, 7 одд.Ментор: Мартина Ф. Крстевска)

Ива Ѓеорѓиевска (ООУ „Страшо Пинџур“, 8- а одд. ментор Розета Дулевска)

Честитки на сите наградени и пофалени ученици и нивните ментори.