Дистрибуција на книги и гифт-производи
„Арс Ламина“ е најголема издавачка куќа, која има развиено опсежна мрежа за дистрибуција на книги и гифт-производи. Нашата мрежа не само што ја покрива целата држава, туку и овозможува лесен пристап до нашите производи. На нашите клиенти и соработници им нудиме и дистрибуција на стоки за широка потрошувачка. Специјализирани сме за дистрибуција на гифт-производи, што дополнително ја збогатува нашата понуда. Со нашата услуга се стремиме да ги задоволиме потребите на нашите партнери и соработници.
Дистрибутивни канали
„Арс Ламина“ ги нуди книгите, едукативните изданија и гифт-производите преку различни дистрибутивни канали:
- Книжарници и други продажни места: Нашите наслови се позиционирани во најголемите книжарници и во други продажни места (кафе-книжарници, гифтшопови, мултимедијални продавници, супермаркети, бензински станици, трафики и друго).
- Онлајн-продажба: Книгите се достапни во најпосетуваните и најголеми е-книжарници и во други специјализирани веб-страници.
- Библиотеки и образовни институции: големите градски, локални, училишни и универзитетски библиотеки од целата држава, како и академски институции се збогатени со нашите публикации. Таму е достапен голем фонд од белетристика, книжевни класици, едукативни изданија и стручна литература.
- Директна продажба: Преку професионалниот тим кој работи директна продажба нашите изданија се уште подостапни до читателите. Со нивна помош, вработените во компаниите и институциите имаат директен увид во големата понуда на одлични изданија.