Вчера во Детскиот парк на „Скопје сити мол“ се одржа литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“ во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со „Скопје сити мол“ и „Литература.мк“. Настанот собра голем број мали и големи љубители на книгите, кои имаа можност да се запознаат со магијата на читањето и креативното изразување.
Посетителите уживаа во настапите на „Пет плус фамилија“, кои ги забавуваа со песни и музика, додека светските шампиони Dancers United ги воодушевија со својот танц. Креативните активности продолжија со цртање на големиот заеднички цртеж со Калиопи Трпчева и ДРАШ, како и дружење со омилените ликови од книгите на „Арс Ламина“ – Исидора Мун, Мирабела, Хари Потер, Хермиона и други.
Во рамките на кампањата „Читањето е супермоќ“, беа доделени и награди на најкреативните учесници на конкурсот „Мојот омилен лик од книгите“. Голема чест за:
НАГРАДЕНИ ЛИКОВЕН И МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ДЕЛ
- Прво место – Анабела Николоска, 5 одд., ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ – Кичево
- Второ место – Ана Поповска, 3-a одд., ООУ „Браќа Миладиновци“, Скопје
- Второ место – Деа Стојанова, 3-6 одд., ООУ „Браќа Миладиновци“, Скопје
- Трето Место – Елена Билбиловска, 7 одд., ООУ „Гоце Делчев“, Гостивар, Ментор Габриела Мерџаноска
- Трето место – Лана Марков, ООУ „Мирче Ацев“ – Ѓорче Петров Скопје
- Трето место – Христијан Дамјаноски, 3 одд., ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар
ПОФАЛЕНИ ЛИКОВЕН И МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ДЕЛ
Павел Серафимов, 3-a одд., ОУ „Браќа Миладиновци“ – Скопје
Теа Јано, 5-в одд., ОУ „Мирче Ацев“, Ѓорче Петров, Скопје, Ментор Александра Јовановска
Љубица Андонова, 6-в одд., ОУ „Даме Груев“ – Битола
Јасмин Манасковска, 4-3 одд., ООУ „Александар Македонски“ – Скопје
Калина Димишковска, 6-1 одд. ООУ „Св. Климент Охридски“
Теодора Стојкова, 3-6 одд., ООУ „Васил Главинов“ – Велес
Калин Доковски, 6-3 одд., ОУ „Блаже Конески“, Скопје
Стела Велевска, 2-в одд, ООУ „Војдан Чернодрински“ – Скопје
НАГРАДЕНИ ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ
1.Прво место – Изабела Ангелова, 7-1 одд., ООУ „Маршал Тито“ -Струмица
- Второ место – Весна Билбиловска, 4-2 одд., ООУ „Гоце Делчев“, Гостивар, ментор
Габриела Мерџаноска - Второ место – Лана Стеванов, 6-1 одд., ООУ„Климент Охридски“-Прилеп
- Трето место – Оливер Тодоров, 3 одд., ОУ „Васил Главинов“, Велес
- Трето место – Богдан Софрониевски, 4-2 одд., ООУ „Гоце Делчев“, Гостивар
- Трето место – Јан Маневски, 2-б одд., ОУ „Стив Наумов“, Скопје
ПОФАЛЕНИ ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ
Никола Деспотовски, 5-2 одд. О.У „Свети Климент Охридски“
Сања Стојкоска, 5- 3 одд., ООУ „Кузман Јосифоски-Питу“ – Кичево
Сирма Гашев, 3 одд., ООУ „Васил Главинов“, Велес
Костантина Андонова, 6-в одд., ОУ „Даме Груев“-Битола, ментор Ленче Богоевска
Кристијан Панов, 6-2 одд., во ООУ „Браќа Миладиновци“,Струга
Настанот беше вистинска прилика да се промовира читањето како значајна и инспиративна активност, да се поттикне креативноста кај децата и да се создаде заедничко искуство за целото семејство.