Автор во фокус: Тејлор Џенкинс Рејд во книжевен лов на митови за ѕвездите

Холивуд, слава, љубов и вистината зад митовите за филмските, музичките и спортските ѕвезди – сето тоа е препознатлив белег на романите на американската писателка Тејлор Џенкинс Рејд. Нејзиниот филмски стил на пишување ги освои читателите низ светот, а романите Седумте мажи на Евелин Хуго, Дејзи Џонс енд Д сикс, Малибу во пламен и Кери Сото се врати последните години важат за едни од најомилените – особено меѓу љубителите на историска фикција и романси.

Токму овие четири книги од Тејлор Џенкинс Рејд, сите во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, од 30 јули до 3 август ќе бидат достапни со 30 % попуст во сите книжарници на Литература.мк и онлајн на Производи | literatura.mk, во рамките на акцијата „Автор во фокус“.

Тејлор Џенкинс Рид е родена на 20 декември 1983 година, во Мериленд, САД. Семејството ѝ се преселило во Масачусетс додека била во основно училиште. Од мала возраст ја привлекувала магијата на Холивуд и ѕвездените митови – фасцинација што ќе стане главна инспирација во нејзините дела.

Дипломирала медиумски студии на престижниот Емерсон колеџ во Бостон, по што се преселила во Лос Анџелес и почнала кариера како кастинг-асистент и сценарист. Во 2015 година го напишала сценариото за ТВ-серијата Resident Advisors, прикажана на Hulu.

Покрај работата во филмската индустрија, кратко време работела и како наставничка во средно училиште, пред целосно да се посвети на пишувањето.

Во приватниот живот е омажена со сценаристот Алекс Џенкинс Рид, со кого има едно дете.

Дебитантскиот роман Forever, Interrupted го објавува во 2013 година. По неколку успешни романтични драми, а пресврт во нејзината кариера доаѓа со „Седумте мажи на Евелин Хуго“ (2017) – роман кој ѝ носи светска слава. Книгата раскажува за фиктивната холивудска дива Евелин Хуго и нејзините љубовни, професионални и животни тајни, раскажани преку интервју со млада новинарка. Ликовите се инспирирани од реални ѕвезди како Елизабет Тејлор, Рита Хејворт и Ава Гарднер.

Наскоро се очекува и филмска адаптација на Netflix, во режија на Меги Бетс, а сценариото го пишуваат Лиз Тајгелар и Тејлор Џенкинс Рејд. Според најавите, улогата на младата Евелин ќе ја игра Ана де Армас.

Оваа книга беше прогласена за една од 25-те најдобри бестселери во 2023 година од страна на Publishers Weekly.

Во 2019 година го објавува романот „Дејзи Џонс енд Д сикс“, за фиктивен рок-бенд од 1970-тите, инспириран од „Флитвуд Мек“. Напишан во формат на усно сведочење, романот доби екранизација како мини-серија на Amazon Prime Video, со Рајли Кио и Сем Клафлин во главните улоги.

Следниот роман, „Малибу во пламен“ (2021), ја сместува приказната во 1980-тите, во текот на една ноќна забава во куќа на познато сурферско семејство. Книгата ги истражува семејните врски, скриените тајни и личната трансформација.

Во 2022 година излегува и „Кери Сото се врати“ – приказна за славната тенисерка која се враќа на теренот за да си го одбрани рекордот. Ова е интимен роман за амбицијата, саможртвата и идентитетот на жената во јавноста.

Во 2024 година, Тејлор Џенкинс Рејд го објави и новиот роман „Атмосфера“, кој веќе е летен хит во светските книжарници. Следуваше „Дејзи Џонс енд Д сикс“ (2019) за фиктивниот рок-бенд од 70-тите години, инспирирана од бендот „Флитвуд Мек“. Напишана во формат на усно сведочење, книгата доби и екранизација како мини-серија на Amazon Prime Video, со Рајли Кео и Сем Клафлин во главните улоги.

Две години подоцна го објави романот „Малибу во пламен“ (2021), чие дејство се одвива во 80-тите години, за време на една хаотична забава во куќа на познато сурферско семејство. Книгата ја истражува динамиката на семејните односи, тајни, предавства и себеспознавање – сето тоа во сенката на гламурот и трагедијата.

Во 2022 година следуваше „Кери Сото се врати“ – последниот роман од неформалниот „квартет за славните жени“, ја следи приказната за славната тенисерка Кери Сото, која решава да се врати од пензија за да си го одбрани рекордот. Интимна приказна за амбицијата, женската сила и идентитетот.

Оваа година го објави новиот роман „Атмосфера“, кој е вистински летен хит во светските книжарници.

Три од нејзините романи се прогласени за најдобра историска фикција според „Гудридс“:

„Дејзи Џонс енд Д сикс“ (2019), „Малибу во пламен“ (2021) и „Кери Сото се врати“ (2022).

Аудиокнигата „Дејзи Џонс енд Д сикс“ беше прогласена за една од најдобрите аудиокниги на Apple.

Во интервјуа, Тејлор Џенкинс Рид често зборува за својата фасцинација со славата и приказните што ги раскажуваат славните личности:

„Славата ми дозволува да пишувам за митовите. Која е вистината што се крие зад фасадата? Што сме подготвени да прифатиме како вистина – дури и кога длабоко во себе знаеме дека е лага?“ – вели таа.

Таа признава дека инспирацијата ја бара насекаде:

„Секогаш сум во потрага по малку светлина, нешто што ќе ме заинтригира. Штом нешто ќе ми го разбуди интересот, го следам до каде што ќе ме однесе.“

Благодарејќи на искуството од филмската индустрија, романите на Тејлор Џенкинс Рејд се визуелни, дијалозите се живи, а нарацијата е динамична. Читателите често велат дека имаат чувство како да гледаат серија – со интензивна емоција, големи теми и незаборавни ликови.

Со купен сет книги од Тејлор Џенкинс Рејд во „Литература.мк“ и онлајн на Производи | literatura.mk, следува подарок ваучер за две кафиња во Café Literatura.