Автор во фокус – Орхан Памук: Книгите од најпознатиот турски автор на попуст од 30 % во „Литература.мк“

„Автор е некој што трпеливо со години се обидува да го открие второто битие во себеси и светот, што го прави она што е: кога зборувам за пишување, она што прво ми паѓа на ум не е роман, песна или литературна традиција, туку личност што се затвора во соба, седнува на маса и сам, се свртува кон себе; меѓу своите сенки, тој гради нов свет со зборови…“

Со овој цитат од најпознатиот современ турски писател и добитник на Нобеловата награда за литература во 2006 година – Орхан Памук, ја најавуваме новата кампања на „Литература.мк“ – „Автор во фокусот“. Во рамки на оваа продажна акција, секоја недела ќе се фокусираме на еден автор и на неговите книги во издание на „Арс Ламина“. Целта на оваа акција е подобро претставување на авторите, како и можност читателите да си ја збогатат домашната библиотека со нивни книги – со попуст.

Прв автор во фокусот на „Литература.мк“ е токму Орхан Памук, чии романи: „Истанбул“, „Белата тврдина“, „Нов живот“, „Жената со црвена коса“, „Се викам Црвена“ и „Ноќи на чума“ (сите во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“) ќе бидат достапни со попуст од 30 % во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk. Акцијата ќе трае од 16 до 20 јули.

Орхан Памук е роден на 7 јуни 1952 година, во Истанбул – град кој често се јавува како инспирација, па дури и како главен лик во неговите романи. Неговите дела ги истражуваат судирите меѓу Истокот и Западот, прашањата за уметноста и идентитетот, и често се споредувани со оние на Џојс, Набоков и Маркес.

Студирал архитектура на Техничкиот универзитет во Истанбул, а подоцна дипломирал новинарство. Една година студирал и на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Почнал да пишува во 1974 година. Неговиот прв ракопис „Темнина и светлина“ ја добил наградата за најдобар роман на весникот Milliyet во 1979 година. Досега има објавено повеќе од 12 романи (вклучувајќи мемоари) и неколку книги со есеистика и сценарија. Книгите на Памук се преведени на 63 светски јазици, вклучувајќи го и македонскиот, а се продадени во над 13 милиони примероци низ светот. Тој важи за најпродаваниот писател во Турција.

Добитник е на повеќе од 30 меѓународни награди, меѓу кои: Prix du Meilleur Livre Étranger, Premio Grinzane Cavour и Меѓународната книжевна награда во Даблин.

Неговиот историски роман „Белата тврдина“, објавен во 1985 година, ја добил Наградата за странска белетристика на Independent во 1990 година и го зацврстил неговиот меѓународен углед. На 19 мај 1991 година, The New York Times Book Review објави: „Нова ѕвезда се појави на Исток – Орхан Памук“.

Со романот „Црната книга“ (1990), Памук ја добива поголемата популарност – ова дело станува едно од најконтроверзните и најчитаните книги во турската книжевност. Во 1992 година, Памук го напишал сценариото за филмот „Тајно лице“, базиран на „Црната книга“, во режија на познатиот режисер Омер Кавур.

Неговиот роман „Нов живот“ (1994) станува најбрзо продаваната книга во историјата на турската книжевност. Во тој период, Памук станува и значајна јавна фигура во Турција, поради неговата поддршка на правата на Курдите. Во 1995 година, беше дел од група автори кои беа судски гонети поради критики кон турската државна политика.

Во 2019 година, Памук ја приреди изложбата „Балкон: Фотографии на Орхан Памук“, со преку 600 фотографии од Истанбул, сликани од неговиот балкон.

Памук денес е професор по хуманистички науки на Универзитетот Колумбија, каде што предава пишување и компаративна книжевност. Во 2018 година е избран за член на Американското филозофско друштво.

Акцијата важи во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на Производи | literatura.mk

Со купување сет книги од авторот во фокусот – Орхан Памук – следува подарок  кафе во Café Literatura!