Автор во фокус – Габриел Гарсија Маркес – мајсторот на магичниот реализам

Малкумина автори оставиле толку длабока трага во светската книжевност како Габриел Гарсија Маркес. Неговото име е синоним за магичниот реализам, а неговите книги се препознатливи по топлината на раскажувањето, по поетскиот јазик и по способноста да ја претвори секојдневната човечка судбина во нешто вечно и универзално.

Од 13 до 17 август, „Автор во фокус“ е токму Габриел Гарсија Маркес, чии книги: „Се гледаме во август“, „Љубов во време на колера“, „Хроника на една ненајавена смрт“, „На полковникот нема кој да му пишува“, „Есента на патријархот“, „Виор од лисје“, „Морето на изгубеното време“ и „Генералот во својот лавиринт“, сите во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се достапни со 30 % попуст во рамките на акцијата „Автор во фокус“ на „Литература.мк“.

Попустите важат во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на веб-страницата www.literatura.mk.

Габриел Хосе Гарсија Маркес (6 март 1928 – 17 април 2014) — е еден од најзначајните колумбиски писатели, добитник на Нобеловата награда за литература. Растел во дом полн со приказни – особено од неговата баба, која верувала во духови, предзнаци и судбини. Овие елементи подоцна ќе станат клучни за неговото книжевно творештво. Иако студирал право, судбината го однела во новинарството, а потоа и во светот на литературата, каде што ќе остане засекогаш запаметен како еден од најголемите раскажувачи на 20 век.

Студирал право на универзитетите во Баранкилја, Богота и Картахена. На почетокот работел како новинар, пред да стане писател. Ја почнал својата книжевна кариера на возраст од 19–20 години, кога во весникот „Еспектадор“ во Богота ги објавил своите први раскази. Неговата прва позначајна книга, „Приказната на бродоломецот“, излегла во 1955 година. Со своите дела го дефинира магичниот реализам во книжевноста. Има објавено седум романи, шест новели, пет збирки раскази и уште шест дела од друга литература.

Светска слава доживува во романот „Сто години самотија“, објавен 1967 година,  кој го напишал за само 18 месеци, додека живеел во Мексико Сити. Приказната за семејството Буендија и магичниот град Макондо ја прослави латиноамериканската литература низ светот.  Книгата стана светски феномен – преведена на повеќе од 40 јазици, со над 30 милиони продадени примероци. Во 1971 година бил прогласен за почесен доктор на науки на Универзитетот Колумбија. Живеел во Барселона, а по десет години се преселил во Мексико Сити. Во 1982 година ја добил Нобеловата награда за литература, за неговите романи и раскази во кои фантазијата и реалноста се спојуваат во еден богат свет што го одразува животот и конфликтите на еден континент. Академијата го пофалува за „романите и расказите во кои фантастичното и реалното се комбинираат во еден богат и сложен свет, рефлексија на континентот Латинска Америка“. Ја има добиено и наградата „Ромуло Гаљегос“.

Маркес е водечки глас на книжевниот правец магичен реализам, каде што фантастичното и натприродното се прифаќаат како дел од секојдневието. Селото Макондо, централно место во повеќе негови дела, е алегорија за Латинска Америка – место каде што реалноста и митот, политиката и љубовта, трагедијата и надежта се преплетуваат.

Некои од неговите најзначајни дела се: „Љубов во време на колера“,  „Хроника на една ненајавена смрт“, „Есента на патријархот“, „На полковникот нема кој да му пишува“, „Генералот во својот лавиринт“.

Секое од овие дела носи длабоки универзални теми – љубов, смрт, моќ, самотија – но секогаш со уникатен поетски пристап.

Во 2002 година го објавил своето автобиографско дело „Да се живее за да се раскаже“, а во 2004 – неговото последно дело „Сеќавање на моите тажни курви“. Во последните години од животот, Маркес страдаше од деменција и престана да пишува.

„Изгубениот“ и претходно необјавен роман „Се гледаме во август“ излезе од печат десет години по неговата смрт – на 6 март 2024, истовремено во повеќе од 30 земји низ светот.

Кон крајот на својот живот, Гарсија Маркес работеше на овој роман додека истовремено се бореше со деменцијата. Во неговите последни денови и со слабеење на меморијата, тој одлучи дека ова ново дело не треба да биде објавено по неговата смрт, и покрај тоа што го доби неговиот последен знак. Но, сега, десет години по неговата смрт, неговите синови одлучија книгата сепак да биде објавена. Така, „Се гледаме во август“ е неочекуван подарок од Маркес за читателите од целиот свет.

Македонското издание на романот „Се гледаме во август“ излезе синхронизирано со целиот свет, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Со купен сет книги од Габриел Гарсија Маркес во „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk, следува подарок ваучер за две кафиња во Café Literatura.