Во рамките на својата мисија да ги направи книгите подостапни до сите деца, „Арс Ламина“ донираше книги во училишната библиотека на ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Станува збор за 55 нови наслови за деца и млади, меѓу кои и книгата „Девојчето и куклата што патува“ од Александар Русјаков. Оваа книга беше инспирација за сценска изведба на учениците од „Св. Наум Охридски“, која беше одиграна во присуство на авторот Русјаков. Длабоко трогнат од настапите на децата и топлиот прием, Русјаков изјави дека ова искуство ќе остане највпечатливо во неговото срце и никогаш нема да го заборави.
Сликовницата „Девојчето и куклата што патува“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е инспирирана од познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла. Изданието е реализирано по повод 100 години од смртта на Франц Кафка. Станува збор за сликовница-омаж на најпознатата анегдота поврзана со Кафка. И покрај тоа што никогаш не е потврдена вистинитоста на случката и покрај тоа што постојат различни толкувања на околностите во кои се случила, со постојаното навраќање кон неа, таа стана неизбежен дел од биографијата на Кафка.
Повеќе за оваа незаборавна средба на следниот линк: