Издавачката куќа „Арс Ламина“ го поддржа 57. издание на Драмскиот аматерски фестивал (ДАФ) во Кочани кој се одржа во текот на септември и почетокот на октомври и на кој традиционално настапуваат аматерски театри и театарски групи од Македонија. Дел од учесниците на фестивалот на подарок ја добија книгата „Прво лице еднина“ од Лилјана Лунгина која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина“ и воедно е достапна во сите книжарници „Литература.мк“ и може да се нарача онлајн на www.literatura.mk

Сите настани на ДАФ беа бесплатни, а само дел беа театарски претстави за возрасни како и за деца, музички настапи, рецитали и настапи со марионети.


Книгата „Прво лице еднина“ е лична хроника на една епоха, сведоштво за тектонските поместувања во најголемата држава во светската историја. Таа е книга за „безумниот, а сепак прекрасен живот“, за животот „исполнет до последен сантиметар“, за мајките и татковците, за пријателите и за ведрата среќа на пријателството и над сето друго, за љубовта. Токму чувството на љубов како црвена нишка поминува низ животот на авторката, константа во постојано променливиот, честопати хаотичен и ужасен свет, чувство што Семјон Лунгин во посветата на неговата книга „Виденото на јаве“ лаконски го искажува: „На Лилја, како и сè друго“.
