АНАЛИТИЧКО-СМЕТКОВОДСТВЕН ПЛАН за средни стручни економски училишта од Виолета Несторовска

Новиот прирачник наменет за средните стручни економски училишта – АНАЛИТИЧКО-СМЕТКОВОДСТВЕН ПЛАН од Виолета Несторовска, во издание на „Арс Ламина“,  е основно средство, список на сите сметки или инструмент за рационално и ефикасно работење на сметководителите во водењето на сметководството.

Основа за изработка на аналитичко-сметковен план е:

– Уредбата за сметковниот план;

– Правилникот за содржината на сметките во сметковниот план;

– Законот за сметководство и

– Законот за трговски друштва.

Овој прирачник е одобрен за употреба од Министерството за образование и наука на РСМ во стручното образование на образовниот профил/квалификација:

– Економски техничар од економско-правна и трговска струка/сектор Економија,

– Право и трговија по предметите Основи на сметководство за II година, Финансиско сметководство за III година, Финансиско сметководство за IV година и Сметководство на менаџмент (изборен) за IV година.

Изданието е достапно во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk, или  за поголема нарачка преку sales@arslamina.com.