За сите кои сакаат да се хранат здраво или постат, излезе од печат уникатниот посен готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски.
Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 82 вкусни и посни рецепти за секој ден. Ова издание со автентични фотографии и рецепти претставува вистински одраз на посветеноста и љубовта кон кулинарството на авторот. Книгата е резултат на долгогодишното искуство на Велковски стекнато преку работата со клиенти и комуникацијата со следбениците на социјалните мрежи.
На страниците на оваа книга ве очекуваат внимателно создадени рецепти за домашно зготвена посна храна – од лесни појадоци и разновидни главни јадења, до ароматични супи, свежи салати и неодоливи десерти. Секој рецепт е совршено балансиран за да ги задоволи вашите вкусови и да придонесе за квалитетен начин на живот. Почнете го ова кулинарско патување и откријте како може секој оброк да стане момент на уживање, инспирација и грижа за себе и за вашите најблиски. Најбитно е што не треба да сте експерт готвач за да ги направите избраните рецепти, бидејќи за многу од нив не е потребно посебно готвење.
Оваа книга е особено корисна во периоди на пост, нудејќи лесни и креативни решенија за планирање на оброците, кои ќе ги направат секојдневните јадења едноставни, вкусни и здрави. Во ова издание ќе најдете посни рецепти, кои ќе ви покажат дека готвењето вакви оброци може да понуди голема разновидност на комбинации со одбрани растителни производи и делумно со риба.
Книгата ќе биде достапна во сите поголеми книжарници. Нарачка на поголеми количества може да се направи преку sales@arslamina.com.