Availability: In Stock

Со една четка два зајака : бестијариуми

Бар код: 9786082801650

250ден

Шифра: 12962

Издавач: Арс Либрис

Автор: Владимир Мартиновски

Година: 2025

Страници: 99

Повез: мек

Јазик: македонски

Категории: ,

Опис

„Со една четка два зајака“ е поетска книга целосно оформена во духот на нашето време: таа претставува успешно поетско понирање во светот и во животот на животните претставени на еден игрив и необичен начин. Биоетичкиот и екопоетичкиот строеж на песните не носи во себеси само една филозофска или етичка насоченост, односно една едукативна или културолошка функција туку, пред сè, песните од оваа книга претставуваат успешни поетски творби исполнети со длабоко доживеани чувства за единството на природата и животинскиот свет со светот на човекот, односно со светот на поетот. – Иван Џепароски; Владимир Мартиновски е поет со едната нога во македонската книжевна традиција, а со другата во глобалните книжевни процеси: неговата поезија е сериозен уметнички и поетички експеримент, со висока самосвест. – Венко Андоновски