Опис
Ракописот на Вера Милошевска-Јосифовска со наслов „Македонскиот вокален мелос во современиот контекст – оживување на една заборавена музика“ претставува вистинско освежување во контекстот на книгите кои се појавуваат во нашата културна заедница и третираат теми од нашата богата музичка традиција. Од една страна, овој ракопис дава досега неанализирани аспекти на нашата секојдневна музичка култура која, како што вели самата авторка, се наоѓа под опсадата на медиумската експанзија на бројните музички правци со кои од петни жили се бори за доминација, а од друга страна, ракописот е резултат на индивидуалното искуство на авторката Милошевска-Јоси фовска во промовирањето на нашиот подзаборавен вока лен мелос, со оглед на тоа што и самата е најпознатата и најпопуларна наша изведувачка на традиционална музика во современ аранжман, во рамките на мега популарната група „Љубојна“. Истовремено, нејзиното искуство како етнолог и антрополог, музичар и интерпретатор, како и неј зиниот истражувачки интерес, претставуваат гаранција за успешноста на посебниот пристап кон анализата на нашата музичка култура. цена Според претходно кажаното, со потполна увереност во ква литетот на текстот, срдечно им го препорачувам ракописот „Македонскиот вокален мелос во современиот контекст – оживување на една заборавена музика“ на сите читатели. Е. Лафазановски













