Опис
„Џинџуџе“ е модерна бајка за еден џин и едно џуџе (всушност, за едно многу крупно и едно многу ситно дете) во потрага по среќа. Се случува во наше време и на наш простор. Зближени по принципот на разлики и спротивности, џинот и џуџето се досетливи акробати кои изведуваат точки со велосипед низ Скопје под заедничко, уметничко име – Џинџуџе… Нивниот свет преполн со авантури и досетки е можен свет за сите деца, сега и овде.













