Препорака за серија според книги: „Шерлок“: Викенд-навраќање со авантурите на Шерлок Холмс

Британската криминалистичка серија „Шерлок“, инспирирана од безвременските приказни за Шерлок Холмс на сер Артур Конан Дојл е нашата препорака за уживање овој продолжен викенд. Ако сте љубител на Шерлок и на добрите мистерии, оваа серија е вистински избор за викенд-маратон.

Книгите за славниот детектив можете да ги најдете и на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, која брои девет наслови: „Студија во скарлетна боја“, „Знакот на четворката“, „Баскервилскиот пес“, „Долина на стравот“, „Авантурите на Шерлок Холмс“, „Мемоарите на Шерлок Холмс“, „Враќањето на Шерлок Холмс“, „Пред да падне завесата“ и „Архивата на Шерлок Холмс“. Сите изданија се збогатени со нов дизајн на корици од илустраторката Александра Софрониеска.

Шерлох Холмс со децении е инспирација за телевизиски и филмски адаптации, но една од најгледаните и најценета е серијата „Шерлок“, создадена од Стивен Мофат и Марк Гетис, брои 13 епизоди распоредени во четири сезони (2010–2017), плус специјална епизода од 2016 година. Дејството најчесто е сместено во современ Лондон, а специјалната епизода нуди викторијанска атмосфера, блиска до оригиналните приказни.

Во главните улоги блескаат Бенедикт Камбербач како Шерлок Холмс и Мартин Фриман како доктор Џон Ватсон. Тандемот маестрално ги оживува ликовите и носи свежа, модерна интерпретација на класичните мистерии.

Серијата доби светски признанија – награди Еми, БАФТА, Златен глобус и престижната Пибоди, а третата сезона стана најгледаната драмска серија во Велика Британија по 2001 година.

Освен мистериите и заплетите, „Шерлок“ е познат и по својата визуелна динамика – креативната режија, брзите дијалози и начинот на кој се прикажува мисловниот процес на Холмс го прават серијалот возбудливо телевизиско искуство.

Снимањето главно се одвиваше во Кардиф, а за фасадата на познатата адреса 221B Baker Street се користеше улицата North Gower во Лондон.

Музиката на Дејвид Арнолд и Мајкл Прајс додава посебна атмосфера, спојувајќи мистерија и напнатост со емоции и драма.

За вистинските фанови, во 2014 беше лансирана и официјалната мобилна апликација Sherlock: The Network, која овозможува интерактивно искуство и чувство дека сте дел од авантурите.

Ликовите како инспектор Лестрејд, Моли Хупер, Мајкрофт Холмс и антагонистот Џим Мориарти го збогатуваат светот на серијата, правејќи го комплексен и непредвидлив. Една од најголемите предности на „Шерлок“ е што успева да ги задржи класичните елементи на Дојл, а сепак да им даде современ шмек.

Книгите и серијата заедно создаваат уникатна можност – прво да се нурнете во книжевниот свет, а потоа да ја доживеете истата приказна визуелно и на сосема нов начин.

Со новите преводи и дизајнирани изданија на македонски јазик, љубителите на мистеријата можат да ја имаат целата колекција во својата библиотека.

Така, овој викенд е идеална шанса да направите сопствен „Шерлок маратон“ – малку читање, малку гледање и многу уживање во автентичните авантури.

Затоа, земете книга, вклучете ја серијата и дозволете му на Шерлок Холмс да ве вовлече во свет полн со тајни, загатки и неверојатни откритија.

Книгите се достапни во сите поголеми книжарници, како и онлајн на: www.literatura.mk.