„Учиме со Софија“ – Најдобар сојузник на децата при првите чекори во учењето

Серијата едукативни изданија „Учиме со Софија“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е создадена за децата да учат преку игра и забава. Заедно со малечката Софија, тие ќе ја совладаат азбуката, ќе ги направат првите обиди во пишувањето, ќе научат основи на математика, музика и ќе ги откријат првите зборови на англиски, француски и на германски јазик.

Едицијата „Учиме со Софија“ е замислена како најдобар сојузник на децата при првите чекори во учењето. Низ забавни активности, шарени илустрации и лесни задачи, децата учат нови знаења со помош на малечката Софија – пријателка што ги води низ секоја страница. Со овие книги, учењето станува игра, а секоја активност – предизвик кој буди радост и самодоверба кај најмалите.

Благодарејќи на внимателно осмислените активности, шарените илустрации и лесните вежби, овие книги:

  • ја развиваат моториката
  •  поттикнуваат креативност
  • градат самодоверба
  • го прават учењето радост и авантура

Во рамките на едицијата ќе ги најдете:

  1. „АБВ од ананас до шапка“: Запознај ја македонската азбука на забавен и разигран начин. Преку смешни илустрации, деца ќе научат како изгледа секоја буква, ќе почнат да читаат и да препознаваат зборови, а потоа ќе вежбаат и правилно да ги пишуваат. Совршен почеток за сите што ја учат азбуката по првпат.
  2. „Подготовка за пишување“: Пишувањето е голем чекор за секое дете – а оваа книга го прави тој процес лесен и забавен. Децата вежбаат пишување прави, коси и криви линии, боење и цртање, впишување форми. Со секоја задача се развиваат моторичките вештини, се гради трпение и се поттикнува креативноста – сѐ тоа со поддршката на Софија.
  3. „ABC from Apple to Zebra“: Првите англиски зборови претставени на едноставен и визуелно богат начин. Темите се блиски и интересни за децата: семејство, дом, училиште, животни, овошје и зеленчук, човечко тело, облека и обувки. На секоја страница ново откритие, нов збор и можност за практикување на англискиот јазик од најрана возраст.

4. „Meine ersten deutschen Wörter“: Германскиот јазик добива пријателско лице преку илустрации и едноставни зборови од секојдневието. Книгата е поделена по теми за полесно учење и паметење, а децата ќе ја совладаат првата основа од германскиот јазик без напор.

5. „Mon premier livre français“: Францускиот јазик станува блиску и разбирливо претставен. Со Софија, децата ќе ги научат првите зборови, ќе бојат, цртаат, поврзуваат и ќе учат низ активности кои ја развиваат моториката, ја поттикнуваат креативноста и ја градат самодовербата.

6. „Форми и мери“: Првата математичка вежбанка за најмалите! Низ лавиринти, боенки и забавни предизвици, децата ќе научат: да препознаваат круг, квадрат, триаголник и правоаголник, разликата меѓу потешко и полесно, подолго и пократко, помало и поголемо, како да го читаат часовникот, што претставуваат монетите. Математиката станува игра со Софија!

7. „Броеви до 10“: Првите чекори во светот на броевите – на интересен и лесен начин. Децата ќе вежбаат: броење и пишување броеви до 10, собирање и одземање, споредување: повеќе или помалку, решавање загатки и поврзување слики. Книгата претставува совршена подготовка за математика во училиште.

8. „Местоположба и движење“:  Просторот околу нас е полн со поими кои малите деца прво ги запознаваат преку игра. Оваа книга им помага да ги совладаат: внатре и надвор, над, под и на, пред и зад, лево и десно, горе и долу, насоки на движење – налево, надесно, нагоре, надолу. Преку забавни активности, децата учат како да се ориентираат во просторот.

9. „Мојот свет“: Оваа книга е мало патување низ теми блиски до секое дете: животните и нивните живеалишта, овошје и зеленчук, семејството и празниците, сообраќајот, годишните времиња, светот околу нас. Со Софија, децата ќе ги откријат основните знаења за природата и општеството.

10. „Моите први ноти: Вежбанка по солфеж 1“, „Моите први ноти: Вежбанка по солфеж 2“ и „До ре ми – мојата прва нотна тетратка“ се наменети за најмладите љубители на музиката. Овие изданија ги воведуваат децата во светот на нотите и ритамот. Со нив тие на лесен и систематичен начин ќе ги совладаат основите на музичкото образование.

Изданијата се достапни во поголемите книжарници низ државата и онлајн на www.literatura.mk или за нарачка преку sales@arslamina.com.

Каталогот со целата понуда на „Арс Ламина“ на едукативни изданија и дидактички помагала можете да го погледнете на следниот линк: https://shorturl.at/DvuW2.