Нова учебна година – ново издание: Збирка задачи и тестови Математика 7

Со почетокот на новата учебна година, го претставуваме новото издание – Збирка задачи и тестови Математика 7 во издание на „Арс Ламина“. Збирката по математика за седмо одделение е создадена според новата програма за математика донесена од Бирото за развој на образованието и ги покрива сите општи и конкретни стандарди. Во неа се содржани задачи за утврдување и продлабочување на знаењата од темите: Броеви и операции со броеви, Геометрија, Алгебра, Мерење и Работа со податоци.

На крајот на збирката се вклучени тестови за проверка на знаењата, усогласени со материјалот што се изучува во текот на четирите тримесечја.

Збирката е дизајнирана да им помогне на: наставниците – за поефикасна реализација на наставните содржини по математика, за учениците – да ги совладаат очекуваните резултати преку задачи и тестови и родителите – да го следат напредокот на своето дете и да ја поддржат неговата успешност.

Содржините на „Математика 7“ ги подготви стручен авторски и консултантски тим составен од наставници и професори со долгогодишно искуство во образовниот процес: Весна Бојаџиева, Силва Атанасова, Елена Апостолоска, Мирјана Марковска-Димовиќ и Борис Лушески.

Збирка задачи и тестови Математика 7 е достапна во сите поголеми книжарници, онлајн на www.literatura.mk или за нарачка преку sales@arslamina.com.