Ако барате топла, забавна и инспиративна приказна за гледање со најмладите, тогаш филмот „Флора и Улис “ е одличен избор! Овој филм, базиран на наградуваната книга „Флора и Улис: Возбудливи авантури“ од Кејт Дикамило, ги носи гледачите во светот на десетгодишната Флора и нејзиниот неочекуван пријател – верверичката Улис.
Ова е совршена приказна што ќе ве насмее, ќе ве разнежни и ќе ве потсети дека хероите доаѓаат во сите облици – понекогаш дури и како верверички.
Во режија на Лена Кан, со сценарио на Бред Копленд, филмот донесува идеална рамнотежа меѓу авантура, хумор и емоции. Улогата на Флора ја толкува талентираната Матилда Лолер, а нејзините родители ги играат популарните Алисон Ханиган и Бен Шварц.
Сѐ почнува со една несреќна средба со правосмукалка, по што верверичката Улис открива дека има суперхеројски способности. Флора, која е љубител на стрипови и малку цинична, е одлично подготвена за да го следи новиот херој – и да ја почне најголемата авантура во својот живот. Нивното пријателство отвора врати за нови надежи, сочувство и вистинска промена.
„Флора и Улис: Возбудливи авантури“ е дело на американската писателка на детска фикција – Кејт Дикамило. Дикамило е една од шесте автори кои добиле два медала „Њубери“ за романите „Приказната за Десперо“ и „Флора и Улис“. Таа воедно била и американски амбасадор за литература за млади назначена од Конгресната библиотека во 2014/2015 година. Се има најдено и на првото место како најпродавана писателка на листата на престижниот весник „Њујорк тајмс“.
Оваа нејзина книга е исполнета со ексцентрични и шармантни карактери и е конципирана во нов и возбудлив формат. Книгата на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на www.literatura.mk.