Понекогаш, најголемите тајни се скриени во приказните што си ги раскажуваме едни на други.
Таква е и „Тајната книга на Флора Лиа“ од Пати Калахан Хенри — роман кој не води на емотивно патување низ тагата, вината и трагањето по изгубеното.
Врз разурнатиот Лондон во 1939 година, четиринаесетгодишната Хејзел и нејзината петгодишна сестра Флора се евакуирани во едно селце во природа за да избегаат од ужасите на Втората светска војна. Живеејќи со добродушната Бриди Абердин и нејзиниот син тинејџер Хари, во убаво уредена камена куќичка покрај реката Темза, Хејзел ги исполнува нивните денови со прошетки и игри за да го одвлече вниманието на својата малечка сестра. Таа измислува бајка само за неа, за волшебна земја, тајно место во кое можат да побегнат и што е само нивно.
Но, се случува нешто незамисливо кога малата Флора одеднаш исчезнува додека си игра покрај брегот на реката. Скршена од болка, Хејзел се обвинува себеси за исчезнувањето на сестра си и ја носи таа вина со себе во зрелоста, како личен товар што чувствува дека го заслужува.
Дваесет години подоцна, Хејзел е во Лондон, подготвена да ја напушти работата во малата книжарница со ретки изданија и да почне со кариера во Сотебис.
„Тајната книга на Флора Лиа“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е топла, нежна и мистериозна приказна што ве потсетува дека и најдлабоките рани можат да најдат лек преку љубовта, сеќавањата и приказните што ги носиме со себе. Пати Калахан Хенри мајсторски создава атмосфера што ја чувствувате во срцето, а ликовите ве држат заробени во нивниот свет до последната страница.