Опис
Зорки и Цветка се две блиски деца кои живеат во два далечни света. Зорки е постојано внатре, тој живее во виртуелниот свет на мобилниот телефон, таблетот, компјутерот и телевизорот; Цветка е постојано надвор, таа живее во реалниот свет на сонцето, дрвјата, смеата и игрите. Во оваа приказна за нивното необично пријателство, со помош на една „дрвена досетка“ се обединуваат различните светови во прекрасно, заедничко детство, без никакви рамки и ограничувања.