Availability: In Stock

Арамиско гнездо

Бар код: 9786082672205

290ден

Шифра: 008879

Издавач: Арс Либрис

Автор: Ѓорѓи Абаџиев

Година: 2021

Возраст: 14+ години

Страници: 216

Повез: Мек повез

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

Беше решен да умре, да стави крај на тој ѓаволски замрсен живот. Но, не да умре како јаре под нож… Убивал, со злато, со китна руба и со жени ја наситил својата душа. Повеќе не може и не треба. Би сакал повеќе само да можеше. Ама конецот дотука стигнал… Бег не бил, од бег поубаво поживеа, султан не бил, султанските наредби ги газеше.“

Во еден од првите романи издадени на македонски јазик (1954), Ѓорѓи Абаџиев ја користи својата богата и полна со ерудиција историска имагинација за да ни го наслика времето на ајдутството. Преку ајдутите Мануш, Трајко и Муса, нивните љубени Дафа и Јана, чорбаџијата Гого Јане, Топуз-бег, Билбил-ага и уште многу други, тој му вдахнува живот на не толку далечниот XIX век.

Возвишени планини, мистериозни шуми, брзи потоци, мирни, затскриени села − тоа е пејзажот на овој роман, полн со авантура, борби и љубов, во кој непрестајно се мешаат романтизмот на народните песни, легендите и преданијата, и суровиот реализам на историските факти.