Availability: In Stock

Бели мугри

Бар код: 9786082591575

150ден

Шифра: 002597

Издавач: Либи

Автор: Кочо Рацин

Година: 2018

Страници: 64

Повез: Мек повез

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

На 25 ноември во 1939 година во градчето Самобор, во непосредна близина на Загреб во Хрватска, во печатницата на Драгутин Шпулер, излегла од печат стихозбирката „Бели мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. „Бели мугри“ претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература, составена од 12 песни, меѓу кои „Денови“, „Ленка“, „Тутуноберачите“, „Копачите“, „На Струга дуќан да имам“… во кои доминираат социјалните и револуционерните теми. Насловот е симболичен – означува ново утро, нов почеток кој бил посакуван од работниците, аргатите, експлоатираните луѓе, а создадена е под влијание на народната поезија, како и на „Зборникот“ на браќата Миладиновци. „Бели мугри“ е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“ во издание на Арс Ламина – публикации.