Availability: In Stock

Падот на Берлускони : 120 дена кои го уништија Берлускони

Бар код: 9786082297125

300ден

Шифра: 002830

Издавач: Арс Либрис

Автор: Паоло Колонело, Леонардо Коен

Година: 2014

Страници: 328

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категорија: Тагови: ,

Опис

На 5 јуни 2010 година, некаде околу 6 часот наутро, миланската полиција прима повик од Карима Ел Махруг: малолетната Мароканка се жали дека е претепана од извесна Бразилка по име Мишел де Консеисао. „Обична караница меѓу проститутки“ – така гласи првичната проценка по приведувањето на девојките. Но потоа следи изненадувањето: низа полноќни повици до полициската станица од лица со чудни функции кои тврдат дека премиерот на Италија бара Карима да биде пуштена веднаш заради тоа што е внука на египетскиот претседател Хосни Мубарак. Информацијата е набрзо проверена. И не е точна. Пишувана како детективски роман (само без фиктивните елементи), „Падот на Берлускони“ ги следи хронолошки, детаљ по детаљ, сите фази од полициската истрага што следи по оваа вечер и кулминира со расветлувањето на најголемиот скандал во политичката историја на Италија.