Опис
Од илјадниците разговори на Рајнер Кунце со студентите, учениците, работниците и војниците во Националната народна армија, како и од искуствата на неговата ќерка во своите тинејџерски години, настана овој прозен текст во кој се опишува секојдневниот жживот на младите луѓе во ГДР, преку концизни и лаконски изрази. Насловот, „Прекрасните години“, што патем е цитат од романот Харфата на тревата на Труман Капоти, е горчлива иронија, бидејќи по сè што созна Рајнер Кунце, критичните години во развојот на младите луѓе кои сакаат да се реализираат себеси во социјалистичка Германија, не се толку прекрасни.