Availability: In Stock

Семејството на Паскуал Дуарте

Бар код: 9786082476056

150ден

Шифра: 002952

Издавач: Арс Либрис

Автор: Камило Хозе Села

Година: 2016

Страници: 152

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категорија: Таг:

Опис

Краткиот роман е претставен како приреден препис од последните белешки на насловниот лик кој, чекајќи ја својата смртна казна, се навраќа на нештата што го натерале да ги изврши злосторствата за кои е обвинет. Но како што се ближи кон крајот на својот отпрво ветувачки исказ, читателот, секогаш во потрага по недвојбени мотиви, е принуден сè повеќе и повеќе да се снаоѓа зад превезот на недореченото и магливите концепти како „лоша ѕвезда“ и „судбина“. Објавен во 1942 година – што, според многу критичари, е само едно од нештата што ги дели со Камиевиот Странец – Семејството на Паскуал Дуарте го открива зачетокот на многу техники карактеристични за Села – вербалната ноншалантност, балансираниот хумор, гротексното насилство – и коренито го освежува веќе уморниот реализам на Шпанија на прагот на уште еден бурен период од нејзината историја.