Опис
Симчо е примерен шестоодделенев, кој живее во дом растргнат меѓу лошиот животен стил на татко му, бескрајната загриженост на мајка му и нивните меѓусебни кавги. И покрај сите предизвици, Симчо наоѓа сила да се справи со неволите во кои е вовлечен без своја вина, со осудата и неправедниот однос на околината и, конечно, со својот честопати груб и неодговорен татко.