Availability: In Stock

Скакулци

Бар код: 9786082598192

290ден

Шифра: 005702

Издавач: Арс Либрис

Автор: Петре М. Андреевски

Година: 2020

Возраст: 18+ години

Страници: 218

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категорија: Таг:

Опис

Сместено во препознатливиот рурален пејзаж, дејството во романот „Скакулци“ се случува во еден транзиcиски период, кога е во тек своевидна „космизација“ на дотогаш варварскиот, тукуречи магиски свет во кој живееја ликовите на Петре М. Андреевски. Романот почнува со поглавјето насловено „Косидба. Време на големи промени“, навестувајќи го доаѓањето на новиот поредок, во кој „господ почнува да шета по земја“ отелотворен во претседателот на т.н. СеРеЗе и сите го ословуваат со „другар“. Покрај писателското мајсторство, во „Скакулци“ најчитлива е сатирата како постапка по која авторот посегнува за да ја исмее новата власт, притоа исмевајќи ги оние кои ја легитимираат, дури и кога нејзиното постоење е гротескно. Скакулците, како и пирејот, се симбол што посочува на „синдромот на изгубениот и неосознаениот идентитет“.