Availability: In Stock

Смртта на Бани Манро

Бар код: 9786082476810

350ден

Шифра: 000258

Издавач: Арс Либрис

Автор: Ник Кејв

Година: 2016

Страници: 248

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категорија: Таг:

Опис

Романот е приказ на последното патување, на „последната зделка“ на патувачкиот трговец Бани Манро, кој на крајот на неговиот животен пат се соочува со спогодбата за сопствената душа. Бани Манро е средовечен и многу порочен развратник, кому по злоупотребата на многу жени и на многу алкохол, како казна му стигнува самоубиството на неговата сопруга и, воедно, мајка на неговиот син, Бани Помладиот, кој сега останува во негова грижа. Романот го опишува неговиот последен ден „на работа“ во Брајтон и околината, инаку местото каде што навистина живее и авторот на романот – самиот Ник Кејв. „Смртта на Бани Манро“ е еден роман од кој неминовно избива карактеристичниот мрачен и саркастичен хумор на еден од најхаризматичните и најоригинални рок-икони на крајот на XX и почетокот на XXI век, кој со овој бестселер се потврдува и како оригинален и автентичен романописец.