Availability: In Stock

Соба со поглед

Бар код: 9786082596068

360ден

Шифра: 003865

Издавач: Арс Либрис

Автор: Едвард Морган Форстер

Страници: 264

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категорија: Таг:

Опис

Младата Луси Ханичр се наоѓа помеѓу својата ригидна братучетка Шарлот, педантниот свршеник Сесил и спонтаниот Џордј и треба да донесе одлука. Таа мора да одлучи дали да го послуша срцето или да ги следи конвенциите на викторијанското општество. Нејзиниот избор го понесува товарот на целата генераcија млади жени од почетокот на 20 век. „Соба со поглед“ е третиот роман на веќе класичниот англиски романсиер Е. М. Форстер, кој до денес останува неговото најведро и најомилено книжевно достигнување кај читателската публика. Движејќи го заплетот помеѓу Италија и Англија, помеѓу Фиренца и Сари, тој успева, со блага иронија, без никаков цинизам, а со многу хумор, да зборува за сериозни теми како класата, родот, туризмот, уметноста и љубовта. Иако напишан пред повеќе од сто години, романот „Соба со поглед“ сè уште ѝ зборува на современата публика, за што сведочат многубројните реизданија и филмските адаптаcии.