Опис
Почувствував силен удар. човек во темен костум и црни очила влета во зградата и ме залепи со влезната врата за портирницата. Викаше Место за другарот и го расчистуваше теренот. По него втрчаа уште неколку слични типови кои беа претходници на еден круг од неколку лекари во чијашто средина се наоѓаше човек во болничка количка.