Availability: In Stock

Туѓите богови

Бар код: 9786082590172

290ден

Шифра: 002966

Издавач: Арс Либрис

Автор: Херман Кестен

Година: 2017

Страници: 224

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

Нацистите ве затворија. И што научивте? Си ги затворате децата. Овие обвинувачки зборови им ги кажува седумнаесетгодишната Луизе на своите родители, која како дете е разделена од нив во налетот на фашизмот и се образува во духот на католицизмот, примајќи ја христијанската вера. Родителите, со ужасно искуство од концентрациониот логор зад нив, не можат да го разберат однесувањето на нивната ќерка, која не сака да ја напушти својата вера. Нескротливата верност и љубовта кон новата религија водат речиси до прекинување на односите помеѓу Луизе и нејзините родители. Во овој роман, на гротескен начин Кестен го опишува трагикомичниот генерациски конфликт во едно еврејско семејство, кое по хоророт на третиот рајх живее во егзил во Франција и се обидува нормално да го прифати јазот што се појавува помеѓу децата и родителите. Во книжевна форма, овој автор обработува важна, но денес заборавена тема од непосредниот поствоен период.