Availability: In Stock

Чувар

Бар код: 9786082476780

250ден

Шифра: 002145

Издавач: Арс Либрис

Автор: Петер Терин

Година: 2016

Страници: 224

Повез: Мек

Јазик: Македонски

Категорија:

Опис

Кафкијанска, и по замислата и по изведбата, „Чувар“ на Петер Терин е дистописка алегорија за современите општества што трезно и внимателно го води читателот низ лавиринтите на раздразливоста и неизвесноста кон освестување пред тешко пребродливата состојба на едновремено отсуство и потреба за сопствено преиспитување. Хари и Мишел имаат задача да чуваат станбен блок што се состои од четириесет луксузни апартмани. Сместени во големото подземно паркиралиште од каде што имаат непречен поглед кон влезот, со челична дисциплина и педантност тие ги спроведуваат рутинските инспекции. Но, Хари и Мишел не знаат ништо за карактерот на нивната мисија: целосно отсечени од надворешниот свет и без никаков контакт со помпезните, богати жители кои ги чуваат, тие не знаат ниту дали има (или барем имало) војна некаде надвор – онаму каде што улиците се злокобно и морничаво тивки.