„Поларна светлина“ на Филип Пулман е модерен класик на детската литература

„Поларна светлина“ е првиот дел од трилогијата „Темната граѓа“ (оригинален наслов „His Dark Materials“). Делото е напишано уште во 1995 година и е добитник на многу награди, а од 2019 година е и критички и комерцијално успешна серија на Би-би-си и Ејч-би-о. Автор на делото „Поларна светлина“ е Филип Пулман, а преводот на ова дело на македонски јазик е достапен во сите книжарници „Литература.мк“ и може да се нарача онлајн на www.literatura.mk.

Денес, романите на Филип Пулман се сметаат за модерни класици на детската литература. Лира Белаква и нејзиниот дајмон живеат разуздан и безгрижен живот меѓу професорите на колеџот „Џордан“ во Оксфорд. Судбината ќе ги однесе во далечните, смрзнати предели на Арктикот, каде што вештерски кланови се борат меѓу себе, а поларните мечки имаат свое кралство. Невообичаеното и возбудливо патување на Лира ќе има огромни последици, што ќе ги надминат границите на нејзиниот свет.

Во 2008 година, престижното списание „Тајмс“ го стави Пулман на листата на „50 најголеми британски писатели од 1945 година“. Тој дванаесет години предава во различни средни училишта, а потоа се преселил во „Вестминстер колеџ“, Оксфорд, да биде професор. На крајот ја напушта наставата со цел да се посвети на пишувањето со полно работно време.

Неговиот прв објавен роман бил за возрасни, но потоа почнал да пишува за деца. Некои од неговите романи се создадени врз основа на игри кои тој ги подготвувал за неговите ученици, како што е „Руби во чадот“. Пулман е најмногу познат по „Темната граѓа“, наградуваниот серијал кој се состои од книгите „Поларната светлина“, „Суптилниот нож“ и „Килибарниот дурбин“.