Академскиот сликар Сергеј Андреевски гостин во „Астрорум“

Во најновото издание на емисијата „Астрорум“ гостува нашиот познат сликар Сергеј Андреевски. Сергеј Андреевски е роден во Скопје, во 1960 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во родниот град, а потоа бил на повеќе студиски престои во странство: Рим, Нирнберг, Орхус, Париз, Њујорк, Северна Каролина, Имадате, Истанбул, итн.


Андреевски е претставник на експресионизмот во македонското сликарство, со нагласок врз гестот, примарните бои и егзистенцијалниот карактер на самиот чин на сликање. Реализирал 400 групни изложби и 53 самостојни изложби во Европа, САД и Азија. Добитник е и на повеќе национални награди и признанија.

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=lb2OcwbYJnM&w=560&h=315]